ПОЕТСКО-МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО 2025

50
ПОЕТСКО-МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА КАРПОШОВО КУЛТУРНО ЛЕТО 2025

Во мирна и романтична атмосфера, вечерва официјално се одбележа затворањето на традиционалната манифестација ,,Карпошово Културно Лето 2025”. Поетско-музичкиот перформанс ,,Волкот на љубовта” на Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски, ја разнежнија публиката со звуците на најубавите љубовни песни од македонската современа сцена. Настанот ја одбележа интерпретацијата на македонската поезија од поетот Тихомир Јанчовски, кој преку зборовите на големите поети Блаже Конески, Ацо Шопов, Петре М. Андреевски, ја воведе публиката во светот на љубовта и страста. Бранислав Николов, познат како “Пијан славеј”, кој е македонски музичар (член на групата ,,Фолтин”) , но и писател, со своите песни, ги оживеа емоциите од златните времиња на македонската музичка сцена.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСонцето ептен му удрило во глава на Филипче, по месец дена одмор му останува само да почне да си ја консолидира партијата, ако воопшто може
Следно соопштениеФилипче: Владата нема ниту еден свој резултат, се слика само со наши проекти што ги нарекуваше криминални