ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

118
ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

Во четврток (30 март) со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и петата седница на Советот на Општина Карпош.

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и манаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот                                                           

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување на Записник од 22ра седница на Советот на Општина Карпош
  • Усвојување на Записник од 23та седница на Советот на Општина Карпош
  • Усвојување на Записник од 24та (вонредна) седница на Советот на Општина Карпош

 

 

  1. Предлог-Заклучок за усвојување Информација во однос на Извештајот за оценка на перформансите на јавните расходи и финансиската одговорност PEFA Извештај
  2. Предлог-Урбанистички проект со план за парцелација со препарцелација на ГП 2.366 о ГП 2.367 од ДУП за Градска четврт З 03, опфат помеѓу бул.Партизански одреди, корито на р.Вардар, бул.Македонија и ул.Московска, во КО Карпош-Општина Карпош, изработен од Друштво за проектирање, ревизија и надзор ЗУМ ПРОЕКТ ДОО Скопје
  3. Предлог-Детален урбанистички план за Градска четврт ССЗ 01, блок 10 од четврт ССЗ 01, Општина Карпош Скопје, изработен од Друштво за трговија и услуги БИЛД УРБАН ДОО Скопје
  4. Предлог-Одлука за техничка исправка за ГП 3.03.2.358 во Детален урбанистички план за градска четврт З 03-опфат помеѓу бул.Партизански одреди, корито на р.Вардар, бул.Македонија и ул.Московска, плански период 2013-2018, Општина Карпош-Скопје (Одлука бр.08-8826/6 од 3.12.2015 год.)
  5. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година
  6. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за   2023 година
  7. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на реони на основните училишта на Општина Карпош
  8. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишната Програма за изменување и дополнување на Годишната програма за работата на Јавна установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош – Скопје за 2022/2023 година
  9. Предлог-Одлука за предавање во употреба и започнување со работа на објектот „Први стапки“ во ЈУОДГ „Орце Николов“
  10. Предлог-Одлука за поголема транспарентност на јавноста во процесот на носење на Детални урбанистички планови во Општина Карпош
  11. Предлог-Одлука за пренесување во живо на седниците на Советот на Општина Карпош

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтудиска посета од Црвен крст Грузија
Следно соопштениеКовачевски го распадна здравството, грешките на лекарите во Македонија ги покрива земјата и власта