ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

40
ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

Денеска  01.07.2024 година (понеделник), со почеток во 09.00 часот ќе се оддржи педесеттата Седница на Совет на Општина Карпош.Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

За седницата се предлага следниот

                                  ДНЕВЕН РЕД

 

 

  • Предлог -Записник од 38та (вонредна) седница на Советот на Општина Карпош

 

  • Предлог -Записник од 39та седница на Советот на Општина Карпош

 

  • Предлог -Записник од 40та седница на Советот на Општина Карпош

 

  1. Предлог – Одлука за донесување на Техничка исправка за ГП 2.520а од ДУП Градска четврт З 03, опфат помеѓу бул. Партизански одреди, корито на река Вардар, бул. Македонија и ул. Московска донесен со Одлука бр. 08-8826/6 од 03.12.2015 година.
  2. Предлог – Одлука за донесување на Техничка исправка за ГП 2.2.19 од ДУП Момин Поток (Одлука бр. 07-249/1 од 17.05.2005 година)
  3. Предлог – Одлука за донесување на Техничка исправка за ГП 9.21 од ДУП за Градска Четврт ЦС 15 – Криви Дол, донесен со Одлука бр. 07-9210/2 од 30.12.2014 година, (Извод бр. 47-1161/2 од 08.02.2024 година).
  4. Предлог – Програма за урбанистичко планирање за 2024 година.
  5. Предлог – Програма за активностите на Општина Карпош во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Карпош за 2024 година
  6. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2024 година
  7. Предлог-Одлука за прифаќање на донација од Друштво за градежништво и услуги БАХАШ КОНСТРАКШН ДООЕЛ Скопје на Основен проект за дел од улица „Е“ од крстосница со улица „3“ до свртница – слеп завршеток со должина L=255м1
  8. Предлог-Одлука за прифаќање на донација од Друштво за градежништво и услуги БАХАШ КОНСТРАКШН ДООЕЛ Скопје на Основен проект за дел од улица „3“ од крстосница Новопланирана собирна улица „15“ до крстосница со улица „Е“ со должина L=360м1
  9. Предлог-Одлука за прифаќање на донација од Друштво за градежништво и услуги БАХАШ КОНСТРАКШН ДООЕЛ Скопје на Проектна документација за фекална канализација со должина L=1100м1
  10. Предлог – Едногодишен краток Акционен план за 2024 година за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП 2
  11. Предлог – Одлука за изработка на Локален Еколошки Акционен План – ЛЕАП 3 на Општина Карпош за периодот 2025-2030 година
  12. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на буџетот
  13. Предлог-Одлука за измена на буџетот
  14. Предлог-Одлука за наградување на професори-тренери и индивудуално прогласени ученици спортисти во училишните спортски игри Карпош 2024
  15. Предлог-Одлука за наградување на вработени од општинската администрација на Општина Карпош, членови на синдикатот за постигнат успех, севкупен победник, кои учествуваа на 29-те синдикални спортски игри во Охрид од 06 – 09.06.2024 година во Охрид во организација на УПОЗ
  16. Предлог-Одлука за наградување на службеници од Полициска станица од општа надлежност Карпош
  17. Предлог – Одлука за поставување на спомен обележје (табла – плоча) на Сојуз на Борци на Општина Карпош-Скопје.
  18. Предлог – Одлука за формирање Комисија за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот.
  19. Предлог – Решение за изменување и дополнување на Решението за именување член во училишниот одбор на општинското основно училиште “Братство”, Општина Карпош- Скопје
  20. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за одбележување на 1 септември -Денот на првачињата од општинските основни училишта во Општина Карпош за учебната 2024/2025 година
  21. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за МИО (меѓуетничка интеграција на младите во образованието)                                                
  22. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства награди за полуматуранти – првенци на генерација за учебна 2023/2024 година општинските основни училишта на Општина Карпош
  23. Предлог-Одлука за начинот и условите за давање на користење училишен простор и спроведување на други активности во врска со основните општински училишта на територија на Општина Карпош за учебната  2024/2025 год.
  24. Предлог – Одлука на Влада на РСМ за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари во ООУ “Владо Тасевски”, Општина Карпош – Скопје
  25. Предлог – Одлука на Влада на РСМ за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари во ООУ „Петар Поп Арсов”, Општина Карпош –Скопје
  26. Предлог – Одлука за давање согласност за отстапување на користење на движна ствар – патничко моторно возило во сопственост на Општина Карпош на ЈУОДГ “Пролет”, Општина Карпош – Скопје.
  27. Предлог-Решение за формирање Комисија за стручна проценка и мислење по доставена понуда за купување серијал на цртежи (во оригинал) за животот на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош во Општина Карпош – Скопје
  28. Предлог – Решение за давање согласност на Статутарна одлука за изменување и дополнување на Статутот на приватната градинка „Спирит Веселата дружина”, Општина Карпош – Скопје
  29. Предлог – Одлука за еднократна финансиска поддршка за организирање на најголемиот натпревар во спортско качување „Атомска Мравка”.
  30. Предлог-Заклучок за усвојување извештај од теренската проценка во основните училишта на територија на Општина Карпош
  31. Предлог-Заклучок за усвојување извештај од теренската проценка во градинките на територија на Општина Карпош
  32. Предлог – Заклучок за усвојување на информација од презентација на „Студија за урбаната дендрофлора во Општина Карпош – состојба во 2023 година“
  33. Предлог – Заклучок за усвојување на информација од презентација на „Физибилити студија за формирање на општинско јавно-приватно партнерство, јавно претпријатие или трговско друштво за производство и дистрибуција на електрична енергија од фотоволтаични системи во Општина Карпош“

 

 

 

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ТРЕТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Следно соопштениеВо СДС, како до сега, и по Заев, Заев