ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

112
ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ

Се свикува 6. седница на Советот на Општина Карпош за 26 декември 2025 година (петок), со почеток во 09.00 часот.

За седницата се предлага следниот                                                                             

ДНЕВЕН РЕД

  • Усвојување записник од 3. (свечена) седница
  • Усвојување записник од 4. седница
  • Усвојување записник од 5. седница

 

  1. Предлог – Решение за именување на претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година
  2. Предлог-Одлука за утврдување надоместок на членовите на Општинска изборна комисија – Карпош и избирачките одбори на подрачјето на Општина Карпош за извршената работа во подготовката и спроведувањето на Локалните избори 2025 година
  3. Предлог-Одлука за формирање на Штаб за заштита и спасување и Просторна единица за заштита и спасување на Општина Карпош

 

  1. Предлог-Програма за урбанистичко планирање за 2026 година
  2. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година
  3. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на екологија и енергетската ефикасност за 2026 година;
  4. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на развојот за 2026 година;
  5. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година;
  6. Предлог-Програма за изградба, редовно и инвестиционо одржување и зимско одржување на сервисни, станбени улици и локални патишта на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година;
  7. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на културата за 2026 година;
  8. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на спортот за 2026 година;
  9. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на детска, социјална и здравствена заштита за 2026 година;
  10. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2026 година;
  11. Предлог-Програма за активностите во областа на заштита и спасување на граѓани и материјални добра за 2026 година;
  12. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на информатичката технологија за 2026 година;
  13. Предлог – Програма за активностите на Општина Карпош во областа на месната самоуправа за 2026 година
  14. Предлог-Програма за активностите на Општина Карпош во областа на еднакви можности меѓу жените и мажите во Општина Карпош за 2026 година;
  15. Предлог-Програма за одбележување на 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош;
  16. Предлог – Програма за активностите на Општина Карпош во областа на односите со јавноста и информации на граѓаните за 2026 година
  17. Предлог-Програма за уривање на објекти кои се бесправно изградени на територија на Општина Карпош и асистенција за 2026 година
  18. Предлог-Буџет на Општина Карпош за 2026 година;
  19. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година;
  20. Предлог-Одлука за утврдување на благајнички максимум за 2026 година
  21. Предлог-Одлука за вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2026 година;
  22. Предлог-Буџетски календар за 2026 година,
  23. Предлог-Заклучоци од Советот на Општина Карпош против дезинформациите за мигрантски кампови и политичките манипулации
  24. Предлог – Одлука за давање согласност за закуп на магацински простор во сопственост на ДПТУ „Лапласт-М“ ДООЕЛ, за 2026 година
  25. Предлог-Одлука за давање согласност за закуп на деловен простор на улица „Букурешка“ бр. 2, локал 2, Општина Карпош-Скопје, за 2026 година
  26. Предлог-Одлука за организирање на продолжен престој во IV (четврто) одделение во општинските основни училишта во Општина Карпош за 2026 година
  27. Предлог-Правилник за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош за 2026 година
  28. Предлог – Одлука за прифакање на донација од КАМ ДОO

 

Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФрчкоски покажува дека „новото“ раководство на СДС се сведува на група блиски до Заев
Следно соопштениеВрват криминални тендери додека Скопје се гуши од загаден воздух