Се свикува 12. седница на Советот на Општина Карпош за 22 април 2026 година (среда), со почеток во 10.00 часот.
За седницата се предлага следниот
ДНЕВЕН РЕД
- Усвојување записник од 11. седница
- Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година
- Предлог-Одлука за изменa на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2026 година
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на Екологијата и Енергетската ефикасност за 2026 година
- Предлог-Одлука за усвојување на Едногодишен краткорочен еколошки Акционен план за спроведување на мерки и активности дефинирани со ЛЕАП 3 (Локален Еколошки Акционен План) за 2026 година
- Предлог-Одлука за прифаќање донација од Трговско друштво за производство, трговија и услуги увоз-извоз ФИЛАНД 2012 ДООЕЛ Охрид
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Мајски Цвет“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Орце Николов“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Распеана Младост“, Општина Карпош-Скопје
- Предлог-Одлука за утврдување на реони на основните училишта на Oпштина Карпош
- Предлог-Одлука за прифаќање на донација од Здружение на граѓани ПОЗИТИВО – Скопје за опремување на сензорна соба во ООУ „Петар Поп Арсов“- Карпош, Скопје
- Предлог-Одлука за категоризација и класификација на објектите за спорт од локално значење во сопственост на Општина Карпош
- Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Штаб за заштита и спасување и Просторна единица за заштита и спасување на Општина Карпош
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).
Телефон за контакт – 070/410-631
