Се свикува 14. седница на Советот на Општина Карпош за 11 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 08.30 часот.
За седницата се предлага следниот:
ДНЕВЕН РЕД
– Усвојување записник од 13. седница
- Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година;
- Предлог–Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на образованието за 2026 година
- Предлог–Одлука за утврдување правила при спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план
- Предлог–Одлука за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник;
- Предлог-Одлука за начинот и условите за давање на користење училишен простор, училишни кујни, трпезарии и подвижни ствари во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Карпош и овластување за нивно располагање
- Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејствата на загинатите лица во сообраќајната несреќа на скопската обиколница;
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за разрешување и именување член во Управниот одбор на Јавната установа општинска детска градинка „Пролет“, Општина Карпош-Скопје;
Седницата на Советот ќе се одржи во просториите на Општина Карпош (сала за совет).
Телефон за контакт – 070/410-631
