ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

21
ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска имаше работна средба со полскиот амбасадор Мариуш Бримора кој е во прва официјална посета на Општина Битола.

На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола го запозна полскиот амбасадор со личната карта на градот.

Се разговараше и за можностите за соработка, при што градоначалникот Коњановски го информираше за потенцијалите кои ги нуди градот под Пелистер.

Главниот акцент беше ставен на економската соработка, а се зборуваше и за културата и уметноста.

Коњановски и Бримора разменија пригодни подароци.

The post ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПРВА ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА БИТОЛА appeared first on Општина Битола.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСѐ уште нема мерки – граѓаните скапо плаќаат за економското дилетанство на Христијан Мицкоски
Следно соопштениеФилипче: Кога граѓаните ги отворат празните фрижидери и паричници знаат колку сме „трета економија“ во Европа