Помош на настраданото население погодено од катастрофалните поплави во Словенија

90
Помош на настраданото население погодено од катастрофалните поплави во Словенија

Катастрофалните поплави предизвикани од силното невреме, кое во изминатите денови ја погоди Словенија, на жал предизвика големи материјални штети  и човечки загуби. Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови ширум Словенија.

Црвениот крст на Република Северна Македонија изразува жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини граѓани за загубите и штетите претрпени во поплавите. Црвениот крст е во комуникација со Црвениот крст на Словенија и согласно нивната проценка, веднаш им е понудена првична помош. Од своите резерви, Црвениот крст на РСМ издвои средства во висина од 5.000 евра,  понудени се и волонтери, тимови за соодветна интервенција и во зависност од потребите веднаш ќе бидат ставени во функција.

Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на:

  • Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Словенија.
  • како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
  • За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

The post Помош на настраданото население погодено од катастрофалните поплави во Словенија appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрлежите од ДПМНЕ 32 години ја уништуваат државата и го загрозуваат јавното здравје
Следно соопштениеКрводарителни акции