Македонските кошаркари со пораз ги започнаа квалификациите за ЕП во 2025 година. Во преполниот СРЦ Кале, гостите од Естонија одиграа одлично во третиот период кога направија предност и успеаја да го решат мечот.
Во нашиот состав се издвои Ненад Димитријевиќ со 25 поени додека Итан Хап во дебито имаше 18 поени, девет скокови и три асистенции. Во победничкиот состав Котсар и Вене на крајот дојдоа до 16 кошеви.
Македонија в понеделник ќе и гостува на Полска која на стартот загуби од првиот фаворит во групата – Литванија.
