Португалски репрезентативец е нов член на Вардар

140
Португалски репрезентативец е нов член на Вардар

Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) го засили Вардар откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.

Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Претходно Вардар потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригер кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек)

Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија каде има настапено на 24 натпревари.

Нилтон ги мина лекарските прегледи и веќе неколку денови тренира со тимот, и ќе продолжи со подготовките за новата сезона. Покрај Скопје, тимот заминува за Маврово каде ќе остане повеќе денови и ќе собира сила пред да почне да игра контролни средби.

Покрај Нилтон Мело, за Вардар досега потпишаа и Кубанецот Хансер Микел Родригез, Стефан Петриќ, Марко Срдановиќ и Матија Николиќ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНов спонзор во Вардар за стабилен тим и враќање на врвот
Следно соопштениеДПМНЕ е криминална партија, Мицкоски да сфати дека времето на локални шерифи одамна е завршено