Посета на Бугарскиот Црвен крст

141
Посета на Бугарскиот Црвен крст

На покана на Бугарскиот Црвен крст во периодот од 02 до 03 јуни 2023 година, претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија проф.д-р Ромел Велев и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити учествуваа на 67-ма редовната седница на Генералното собрание на Бугарскиот Црвен крст во Софија.

На седницата на Собранието се обрати Претседателот на Бугарскиот Црвен крст Академик Христо Григоров кој ги поздрави делегатите и гостите на Црвениот крст на Република Северна Македонија и воедно ги запозна со постигнатите резултати на организацијата за 2022 година.

На Собранието се обратија и претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија проф. д-р Ромел Велев и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити каде изразија голема благодарност на поканата и досегашната соработка помеѓу двете Национални друштва.

The post Посета на Бугарскиот Црвен крст appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМинистерот за здравство е демантиран од надлежниот инспекторат, после ваков скандал премиерот го превоспитува министерот, но Ковачевски никој не го есапи
Следно соопштениеЕлектроснабдување