Потпишан меморандум за соработка со Црвениот крст на Косово

138
Потпишан меморандум за соработка со Црвениот крст на Косово

На 19.12.2023 година во просториите на Црвениот крст на Косово во Приштина, Претседателот на Црвениот крст на РСМ д-р Ромел Велев и Претседателот на Црвениот крст на Косово г-ѓа Фериде Хисени потпишаа меморандум за соработка помеѓу двете национални друштва. Организациите имаат повеќегодишно искуство во заемна соработка и истите се заложија за продлабочување и поддршка на иницијативи кои ќе резултираат со подобрена подготвеност и поддршка на ранливите категории кои имаат потреба од хуманитарна помош. За време на настанот се одржа и средба на Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија др. Саит Саити и Генералниот секретар на Црвениот крст на Косово г-дин Агрон Хумоли кои веќе ја договорија првата заедничка активност која е во полето на промоција на хуманите вредности.

Потпишан меморандум за соработка со Црвениот крст на Косово

The post Потпишан меморандум за соработка со Црвениот крст на Косово appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување  – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеКрводарителни акции