На 05.09.2023 година во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија беше потпишан нов меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст на РСМ застапуван од Генералниот секретар д-р Саит Саити и ПСУ Јахја Кемал Скопје застапуван од управител г-дин Исмаил Ердил. Овие организации имаат долгогодишно искуство и позитивни примери на заемна соработка во делот на крводарителството, првата помош. Здравствено-превентивни активности, социјално хуманитарни акции, дисеминација на меѓународното хуманитарно право како и активности за подготвеност и дејствување во случај на катастрофи. Покрај определбите за општествено одговорно однесување на ПСУ Јахја Кемал и посветеноста на подигање на свеста на учениците, нивните родителите и вработените во институцијата за хуманитарно дејствување, во соработката со Црвениот крст на РСМ заложбите ќе бидат насочени и кон идентификување и намалување на ранливоста на населението, намалување на ризикот на изложеност, ублажување и отстранување на последици од елементарни непогоди и други несреќи, едукација на различни целни групи и помагање на институциите и организациите од јавен интерес.
The post Потпишан меморандум за соработка со ПСУ Јахја Кемал Скопје appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.