ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ И ДЕЦАТА ЖРТВИ НА РОДОВО БАЗИРАНО НАСИЛСТВО

113

Извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и градоначалниците на општините Битола, Ресен, Новаци и Могила, денес потпишаа Меморандум за соработка за обезбедување на оддржливост преку финансиска поддршка  на Регионалниот советувалишен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во дел од Пелагонискиот регион. Со овој меморандум, општините се обрзуваат на активна насоченост кон подобрување и унапредување на социјалните услуги за жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство кои се наоѓаат на територија на општините делување во насока  на подигнување на јавната свест, спроведување кампањи и информации на локалното население за достапните услуги за заштита и поддршка на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство. Исто така, на овој начин општините ќе ја зголемат соработката со организациите кои работат на полето на унапредување на правата на жените и децата и преку јавни трибини, дебати, размена на искуства, а ќе се обезбеди и финансиска одржливост за непречно функционирање на Советувалишниот Центар во согласност со обврските кои произлегуваат од Истанбуската Конвенција и Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство. „За речиси една година во Центарот за поддршка во Битола вкупно 60 лица добиле услуги. Најчесто жртвите бараат психолошка помош и поддршка за жените во моментот на одлучување дали да побараат развод, заштита и психолошка помош за децата. Вакви центри за совет има и во Кавадарци, Тетово и во Скопје и тие многу добро функционираат. Свесноста дефинитивно се развива […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС се фали со тоа од кое други би се срамеле- имаме најмал економски раст и највисока инфлација во споредба со останатите земји
Следно соопштениеДезинформациите на ДПМНЕ не можат против фактите – ММФ ја подобри проценката за македонската економија