ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, објавува повик за ангажирање на комуникациски експерт за развивање на комуникациски план, поддржан од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Фондот „Сигрид Раусинг“, а за потребите на проектот “Градење на заедница на човекови права за промоција на родова – еднаквост во Република Северна Македонија”
- Позадина
Во последниве години, родовата еднаквост и социјалната положба на жените, децата, лицата со попреченост и маргинализираните заедници во Северна Македонија значително се влошија. Оваа регресија се одразува во зголемениот број фемициди, намалениот пристап до социјални и економски права и растечките закани кон жените и бранителите на човековите права. Говорот на омраза и насилството мотивирано од омраза остануваат широко распространети, додека институционалните одговори се ограничени. Проектот има за цел зајакнување на демократските вредности, човековите права и социјалната вклученост во Северна Македонија преку стратешкo партнерство со организациите и институциите за превенција и заштита од дискриминација и насилство, како и подобрување на пристапот до социјални услуги за ранливите групи.
- Цел на проектот
Проектот има за цел заштита на човековите права и основните слободи на жените, девојките и маргинилизираните заедници, преку елиминирање на нееднаквостите, борба против говорот на омраза и стигматизацијата, како и промоција на родово сензитивно образование. За таа цел, бараме искусен комуникациски експерт кој ќе развие сеопфатен комуникациски план што ќе ги поддржи целите на проектот.
- Цел на работната задача
Целта на оваа работна задача е да се избере експерт за комуникации кој ќе понуди комуникациски концепт за сите актвности во проектот вклучувајќи ги медиумите како партнери, застапувачките активности и кампањата за информирање и свесност.
Освен методоогија во концептпот за комуникација експертот ќе предложи и оперативен план за промоција согласно визуелниот идентитет на проектот и постоечката генерална комуникациска стратегија на Хера.
- Ангажираниот/-ата консултант/-ка ќе треба да:
- Да развие Стратегија за промотивната кампања на проектот врз основа на стандардите пропишани за спроведување на ЕУ проекти,
- Да развие комункикациски план за ангажирање на традиционални и дигитални медиуми;
- Да подготови наративи и комуникациски материјали за различни целни групи;
- Дефинирање на методи за спротивставување на дезинформациите во јавниот дискурс.
- Времетраење на ангажманот
За ангажманот предвидени се 21 консултантски ден, а испораката ќе се одвива во период од 24 месеци од потпишување на договорот.
Поединечните временски рокови за секој производ одделно ќе биде тековно договорен меѓу ХЕРА и избраниот експерт/ка во зависност од динамиката на креирање на продуктите.
- Критериуми за избор
Изборот на ангажираниот/-ата консултант/-ка ќе се изврши врз основа на следните критериуми :
- Најмалку 4-годишно релевантно работно искуство во развој на комуникациски документи за граѓански организации и повеќегодишни проекти;
- Докажано искуство во развивање на ЕУ комуникациски стратегии и планови;
- Познавање на родови прашања, човекови права и дезинформации;
- Способност за стратешка комуникација;
- Докажани вештини за креирање наративи и комуникациски материјали;
- Високо развиени аналитички вештини;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување.
- Начин на избор
Изборот на најсоодветниот понудувач ќе се врши врз основа на следните критериуми:
- Квалитет на предлог-методологија и неговата усогласеност со целите на проектот (40%);
- Искуство и релевантност на експертот (30%);
- Финансиска понуда (30%).
- Начин на аплицирање
Понудите треба да се достават електронски на konkurs@hera.org.mk или по пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ул.„Франклин Рузвелт“ бр.51а/26, 1000 Скопје со назнака „Понуда за изработка на комуникациски план“ најдоцна до 04 јули 2025 година.
За да биде разгледана понудата, апликантите треба да достават:
- Кратка биографија (CV) на експертот кој ќе работи на комуникацискиот план;
- Предлог – методологија за изработка на комуникациски план;
- Листа на референци од претходни искуство со слични ангажмни;
- Финансиска понуда.
Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите најдоцна 5 дена по затворањето на конкурсот.
Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.
ХЕРА гарантира дека при изборот сите кандидат(к)и ќе имаат еднакви услови, без разлика на етничката припадност, родовото изразување, сексуалната ориентација, возраста, брачниот и родителскиот статус, расата, попреченоста или било која друга основа.
