Во рамки на проектот „Equal Play: Championing Gender Equality in Sports Policies“, кој е поддржан финансиски од Европската Унија, Олимпискиот комитет на Северна Македонија објавува повик за ангажман на ментор/ка кој/која ќе работи со националните спортски федерации во процесот на изработка на акциски планови за родова еднаквост и заштита.
🔍 Што се бара?
Менторот/ката ќе биде дел од три месечна менторска програма со цел:
*Поддршка на 15 национални спортски федерации во развој на реални и применливи акциски планови;
*Подготовка и имплементација на активности за родова еднаквост и безбедна средина во спортот;
*Вклучување на аспекти на инклузија, особено на жените со попреченост.
*Спроведување на минимум 9 менторски сесии
🧩 Квалификации:
*Искуство со развој и имплементација на родови политики;
*Познавање на спортскиот систем и нормативите во Северна Македонија;
*Искуство со менторство или работа со спортски федерации/институции;
*Подготвеност за соработка со разнородни тимови и посветеност на принципите на еднаквост и инклузија.
📆 Времетраење на ангажманот: 3 месеци
📩 Како да аплицирате?
Испратете кратка биографија и мотивациско писмо најдоцна до 10.06.2025 на oksmgrantovi2025@gmail.com.
Доколку сте заинтересирани, погледнете го подетално описот на надлежности.
🙌 Бидете дел од трансформацијата на спортот во подеднакво и безбедно место за сите!
