ПОВИК ЗА НОВИ РАКОМЕТНИ СУДИИ! – Ракометна Федерација на Македонија

85
ПОВИК ЗА НОВИ РАКОМЕТНИ СУДИИ! – Ракометна Федерација на Македонија

Здружението на ракометни судии на Македонија, преку Стручната комисија, објавува повик за пријавување на нови ракометни судии.

Доколку сакаш да бидеш дел од ракометот и да се развиваш во спортска и професионална насока — пријави се!

Критериуми / Услови за пријавување:

• наполнети 16 години

• да играле ракомет или да имаат основно познавање на играта

• да го сакаат ракометот и да имаат желба да бидат дел од спортот

• добри комуникациски вештини и способност за работа во тим

• одговорност, дисциплина и интегритет (фер-плеј и почитување правила)

• подготвеност за обука/семинари и тестирања

• добра психофизичка подготвеност

• спремност за судење на натпревари според распоред (викенди/термини по номинација)

Пријавување: испрати кратка биографија (CV) на: strucna.komisija@gmail.com

Рок за пријавување: до 15 февруари

Пријави се сега и стани ракометен судија!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеТрендафилов да не тераше политика, туку синдикална борба за три години ќе имаа 40 посто зголемена плата
Следно соопштениеПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА КАРПОШ