ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во рамките на својата програма за младинско учество, објавува повик за учество на обука за врснички едукаторки и едукатори по сеопфатно сексуално образование (ССО).
Обуката опфаќа:
• Прв дел: тридневна обука за теоретско запознавање и спроведување на работилници со седумте компоненти на ССО: род, врски и односи, тело и слика за телото, сексуалност, сексуално и репродуктивно здравје, насилство и граѓански аспекти на сексуалноста и репродукцијата. Овој дел ќе се одржи од 6 до 8 февруари во Скопје;
• Втор дел: дводневен процес на акредитација на врсничките едукатори. Овој дел ќе се одржи во текот на март, во Скопје;
• Сите учесници кои ќе ја поминат акредитацијата, ќе станат сертифицирани едукатори и едукаторки на ХЕРА и ќе имаат можност да спроведуваат едукации во рамки на младинската програма на ХЕРА.
Бројот на учесници е ограничен. Трошоците за храна и превоз за двата дела од обуката се покриени од страна на ХЕРА.
Ги покануваме да се пријават сите млади кои се:
• на возраст од 16 до 23 години,
• мотивирани да водат работилници за едукација на врсници,
• имаат основни познавања за сексуалното и репродуктивното здравје и права,
• сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.
Пожелно е заинтересираните да:
• имаат волонтерско и активистичко искуство поврзано со човековите права и/или
• да се студент(к)и на институтите за родови студии, психологија, педагогија, филозофија или социјална работа, Медицинскиот факултет, Правниот факултет.
Заинтересираните треба да се регистрираат на следниот линк Повик за учество на обука за врснички едукатори по сеопфатно сексуално образование – Fill out form најдоцна до 2 февруари 2026 година.
Важно: За млади коишто се под 18 години, задолжителна е и писмена дозвола од родител/старател за учество на обуката.
