Во рамки на својата програма за неформално сеопфатно сексуално образование (ССО), ХЕРА објавува уште еден повик за учество на обуки од областа на ССО.
Обуката се состои од дводневна работилница за запознавање со седумте компоненти на ССО: род, сексуално и репродуктивно здравје, граѓански аспекти, задоволство, насилство, врски и односи и различност.
По поминувањето на обуката, учесниците ќе можат да му се приклучат на тимот на волонтери ХЕРАмлади или, пак, на друг начин да се вклучат во работата на ХЕРА.
Во текот на август ќе одржиме две обуки – првата на 12 и 13 август, а втората на 26 и 27 август. И двете ќе бидат во Скопје и ќе траат од 10 до 16 часот секој ден. За точната локација учесниците ќе бидат дополнително известени. Оние учесници кои ќе ги поминат сите седум компоненти на обуката ќе добијат сертификат.
Обуката е бесплатна: сите трошоци, освен за пат и сместување, ќе бидат покриени од страна на ХЕРА.
Ги покануваме да се пријават сите млади кои:
- Се на возраст меѓу 16 и 22 години;
- Сакаат да добијат информации од полето на сексуалното и репродуктивно здравје и права;
- Се мотивирани да бидат волонтери во ХЕРА;
- Сакаат да работат во тим и знаат да исполнуваат задачи навреме.
ВАЖНО: На обуката што ќе се одржи на 26 и 27 август ќе има и толкувачи на знаковен јазик, така што особено ги охрабруваме да се пријават сите заинтересирани луѓе со попречен слух.
Бројот на учесници е ограничен. Сите заинтересирани треба да го пополнат овој формулар и тоа, најдоцна до 10 август доколку се пријавуваат за првата обука, односно до 23 август доколку се пријавуваат за втората обука.