Општина Битола, Еврејскaта заедница во Република Македонија и Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија со „Поворка на живите“ што се одржа од еврејското маало до Железничката станица, одбележаа 81 година од холокаустот на битолските Евреи. Комеморативната програма почна со оддавање почит пред споменикот на депортираните Евреи од Битола и споменикот на народната хероина Естреа Овадија Мара, каде цвеќе положија градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, амбасадорката на Германија во земјава Петра Дрекслер, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничките Олга Лозановска, Силвана Ангелевска и Марија Кочовска. „Битола е културен и историски центар, но и град страдалник. Така е и по овој повод 81 година после депортацијата на битолските Евреи, над 3000 Евреи, од вкупната бројка на 7144 на ниво на Република Македонија. Овде сме заедно со претставниците на Еврејската заедница, со почитуваната амбасадорка на Германија, со дел од дипломатскиот кор и сите оние кои сакаат да оддадат почит на овој трагичен ден, на овој трагичен настан. Целта е да паметиме, но и да не заборавиме: да не се повторат ваквите тажни моменти, а ние како Битола и битолчани, секогаш ќе го носиме споменот на нашите сограѓани, ќе го чуваме во нашата меморија“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Во Битола пристигнаа повеќе гости од Израел, од Еврејската заедница во Македонија, организации, студенти и ученици кои положија цвеќе на Еврејските гробишта во градот. „Денеска е ден кога се сеќаваме на едно многу тешко време, кога најголемиот дел од нашите предци беа собрани и однесени од фашистичкиот окупатор бугарски и […]
Извор на соопштението