Пожарите беа цел на група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска

61
Пожарите беа цел на група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска

Пожарите кои беа чести изминатава недела, беа организирани од група на лица кои не и мислат добро на Македонија, СДС освен што е некрофилска е и пироманска. За среќа, оваа слика исчезна со брзата реакција на Владата и институциите.

Прашањето е дали оваа група на луѓе, која палеше низ државата, имаше за цел да создаде хаос низ Скопје и Македонија?

Прашањето е сосема легитимно, бидејќи на местата на пожарите беа најдени дрва, бензин, гуми, ракавици. Ова не е случајно, туку намерно.

Добро е што институциите веднаш ги реагираа и приведоа неколку лица, кои ги започнале пожарите, но жално е што овие лица се поврзуваат со опозицијата, односно СДС и ДУИ.

Дали СДС и ДУИ посегнаа по најлошото средство за дестабилизација и паника низ државата? Нам ова не не чуди, но е за секаква осуда. Да се посегне по палење на државата и опозицијата да се сити на истото е крајно безобразно и е кривично дело.

Ако ова и била намерата на опозицијата, веднаш треба да одговараат. За среќа, спремноста на кадарот, брзата реакција на институциите и опремата која благодарение на претседателот Мицкоски е ставена во употреба го прекина овој хорор.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВладата има слух за граѓаните, граѓаните на кои им е потребно ќе добијат 6 бесплатни ин витро обиди
Следно соопштениеПродолжи со работа Меѓупартиска парламентарна група за ХИВ и СРЗ – сексуално и репродуктивно здравје и во овој парламентарен состав