Предлогот на Левица за платено породилно отсуство на земјоделките конечно влегува во собраниската Комисија за Здравство

95
Предлогот на Левица за платено породилно отсуство на земјоделките конечно влегува во собраниската Комисија за Здравство

👉 Собраниската комисија за здравство конечно свика седница на која утре (21.06) ќе се разгледа Предлог-законот поднесен од двајцата пратеници од #Левица, Апасиев и Крмов, за платено породилно отсуство на жените-земјоделки.

Левица ги повикува СИТЕ членови на собраниската Комисија за здравство, да го усвојат нашиот предлог-закон, без разлика која политичка партија ја претставуваат, да не заборават дека пред и над сѐ, во законодавниот дом го претставуваат народот кој ги избрал и дека на овие жени им е потребна нашата заедничка помош.

🚩 Со нашиот Предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки (Измена и дополнување на Законот за здравствено осигурување), се овозможува користењето на правото на надоместок поради бременост, раѓање и мајчинство на жените – земјоделки и ќе се овозможи еднаквост за ова уставно загарантирано право на секоја жена со кое Рапубликата гарантира заштита на мајчинството.

АФЖ-Антифашистички Фронт на Жените на Левица
21.06.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеНа Мицкоски и ДПМНЕ е да покажат дали се за интеграција во ЕУ
Следно соопштениеДПМНЕ почна да плука по Резолуцијата на германскиот Бундестаг