Почитувани,
Дозволете ни да Ве информираме дека на ден 16 Јуни 2023 година, во Олимпискиот центар “Јане Сандански“, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи прес конференција во организација на МОК, по повод заминување на најдобрите македонски спортисти на Европските игри Краков Малополска 2023!
На ова претставување ќе присуствуват дел од спортистите учесници на ЕИ 2023, нивните тренери, Шефот на делегацијата и веруваме дека со Вашето присуство и известување, најдобрите македонски спортисти ќе бидат испратени за Полска со најдобри можни желби за постигнување на врвни спортски резултати и освојување на што повеќе медали на третите Европски игри.
Со почит,