Вчеравечер, во Краковиа Арената, претседателот Даниел Димевски како дел од организацискиот комитет на Европските игри во Краков, ги додели медалите во женскиот “3 на 3”. Литванките се закитија со златото, совладувајќи ја Франција со 19:16, додека во натпреварот за бронза, Шпанија ја совлада Романија со 21:15.