Претседателот Мицкоски потпиша меморандум за соработка со НДИ во рамки на програмата „Победи со интегритет“

129
Претседателот Мицкоски потпиша меморандум за соработка со НДИ во рамки на програмата „Победи со интегритет“

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со тим од партијата остварија средба со директорот на НДИ за Македонија Роберт Скот Хајзлет. 

Особено сме горди што денес ВМРО-ДПМНЕ и НДИ потпишаа Меморандум за соработка со што уште еднаш ја потврдивме меѓусебната соработка.

На средбата беше разговарано за програмата на НДИ „Победи со интегритет“ која во идниот период заеднички ќе ја реализираме. Воедно, упативме благодарност за одличната соработка која ВМРО-ДПМНЕ ја има со Националниот Демократски Институт, како и за доприносот кој Институтот го дава за унапредување на демократијата во Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈАКИМОВСКИ: МИСАЈЛОВСКИ И ЈАНАКИЕВСКИ СЕ ТВОРЦИ НА ПЛАНОТ ЗА АЛУМИНА, ОСТАНАТОТО СЕ САМО ДЕТАЛИ
Следно соопштениеДонирај “зелени поени“ за СОС Детско село