Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс (Andrew Parsons) од 24-27.03.2025 година е во посета на Македонија, во рамките на посетата на земјите од Југоисточна Европа. Во просториите на МОК, претседателот Димевски оствари средба со претседателот Ендрју Парсонс. Истакната беше исклучителната соработка помеѓу двата комитета, но и предложени конкретни идеи за аплицирање на заеднички проекти за афирмација на спортот на лицата со инвалидност преку програмата на Ерасмус+.
