Претседателот Трајан Ангелоски реизбран за член на Генералниот совет на Светската федерација на стопански комори (WCF)

30
Претседателот Трајан Ангелоски реизбран за член на Генералниот совет на Светската федерација на стопански комори (WCF)

Скопје, 17 јуни 2025 — Сојузот на Стопански Комори со гордост ја информира јавноста дека претседателот Трајан Ангелоски е реизбран за член на Генералниот совет на Светската федерација на стопански комори (World Chambers Federation – WCF), тело што функционира во рамки на Меѓународната трговска комора (ICC).

Мандатот започнува на 1 јули 2025 година и ќе трае до 30 јуни 2028 година. Во изборниот процес учествуваа комори од над 120 земји, што ја потврдува тежината и значењето на овој избор.

„Голема е честа, но уште поголема е одговорноста да се биде дел од ова престижно глобално тело. Ќе продолжиме да работиме на јакнење на позицијата на македонската бизнис-заедница во меѓународни рамки, поттикнување на поврзувањето на коморите и поддршка на малите и средни компании“, изјави Ангелоски по повод изборот.

Генералниот совет на WCF претставува највисоко советодавно и стратегиско тело во глобалната коморска мрежа, и има клучна улога во креирање на политики и иницијативи за развој на меѓународната трговија, дигитализација, поддршка на претприемништвото и економска поврзаност меѓу земјите.

Следниот состанок на новиот состав на Генералниот совет ќе се одржи на 1 септември 2025 година во Мелбурн, Австралија, во рамки на 14-тиот Светски конгрес на комори.

Овој реизбор претставува големо признание и поттик за понатамошна афирмација на Сојузот на Стопански Комории и неговата активна улога на глобално ниво.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрајно време е, по разните корупциски скандали и криминални афери, како и за џипот од 130 илјади евра, ЈО да покрене постапка за Филипче
Следно соопштениеМицкоски: Со гордост можеме да кажеме дека нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ