Почитувани претставници на медиумите,
Со огромна чест и задоволство, на 18 Јули 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во Олимпискиот центар “Јане Сандански“ (сала за видео проекции), би сакале да ви ги претставиме младите Олимпијци и врвни спортски таленти кои ќе ја претставуваат Македонија на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025. Овие млади спортисти, избрани врз основа на нивните извонредни достигнувања и посветеност, се вистински амбасадори на македонскиот спорт и иднината на нашиот олимписки дух.
Македонската младинска олимписка делегација е составена од најперспективните млади спортисти од различни спортови и спортски дисциплини, кои во изминатиот период напорно работеа и се подготвуваа за овој најголем Европски мулти-спортски настан во 2025 година.
Нивното учество на ЕМОФ Скопје 2025 не само што е признание за нивниот труд, туку и можност да се натпреваруваат со врсници од цела Европа, да разменат искуства и да го почувствуваат вистинскиот олимписки дух.
Ве покануваме да им дадете поддршка на овие млади надежи и да помогнете во промоцијата на нивните достигнувања, бидејќи тие се инспирација за сите нас и гордост на нашата држава.
Со почит,
Даниел Димевски
Претседател
