ПРЕЗЕНТИРАНА ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈАТА ЗА ВИДЕО НАДЗОР ВО БИТОЛА

141

Во салата на Советот на општина Битола, во присуство на градоначалникот Тони Коњановски, претседателката на Советот Габриела Илиевска, советниците, вработените во општинската администрација и медиумите, денес се одржа јавна презентација на изработената Физибилити студија за видео надзор во Битола. Согласно Програмата за животна средина за 2023 година, изгласана од Советот на општина Битола, распишана е јавна набавка за избор на фирма, по што е избрана фирмата Кабтел од Скопје. Се очекува оваа физибилити студија да биде добра основа за преземање на следниот чекор и завршување на овој проект со инсталирање на систем за видео надзор, со кој ќе го зголемиме нивото на безбедност и ќе ги сочуваме во добра состојба, сите инвестиции кои се наоѓаат на јавните површини во градот, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски. „Во Општина Битола, повеќе години наназад јасно се зборува за потребата од видео надзор, со цел подигнување на нивото на безбедност во градот, заштита од вандализми со кои се уништуваат објекти или опрема поставена на јавни површини, или накратко по примерот на повеќе градови во Европа и светот и во нашиот град да се придонесе за намалување на криминалот, насилството, одржувањето на хигиената и постигнување на поголем број на бенефити. Потребата од изготвување на Физибилити студија за видео надзор во Битола, е со цел да се истражат сите аспекти во однос на можноста за инсталацијата, употреба и одржување на систем за видео надзор. Токму затоа, нашето барање беше да се изготви студија која треба да ги анализира опциите за поставување […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРОДЕНДЕНОТ НА СКОПЈЕ ОДБЕЛЕЖАН ВО ГРАДИНКАТА ,,МАЈСКИ ЦВЕТ”
Следно соопштениеИСЦРПЕНИ СРЕДСТВАТА ЗА САНАЦИЈА НА ПОКРИВИ НА ЗГРАДИТЕ И ЗА ЗАМЕНА НА АЗБЕСТИ ПОКРИВИ НА КУЌИТЕ, ЗА ПОПРАВКА НА ПОСТОЕЧКИ И ПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ ЛИФТОВИ ВО СТАНБЕНИТЕ ЗГРАДИ