ПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА Е-ЗДРАВСТВО – Министерство за Здравство

98
ПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА Е-ЗДРАВСТВО – Министерство за Здравство

Министерството за здравство предводено од д-р Фатмир Меџити,  денес одржа јавна презентација на веб-платформата „Е-Здравство“, изработена од Управата за електронско здравство, со поддршка од УНИЦЕФ и УСАИД.

-На новата платформа Е-Здравство, што ќе биде официјален сајт на Управата за електронско здравство „Мој Термин„ ќе бидат достапни сите информации и новости поврзани со дигиталните процеси. Ова е од особена важност посебно во делот за имунизација, бидејќи токму денес почнува и Меѓународната недела на имунизација.

Е-здравство има и посебен дел посветен на имунизација, со што им овозможува на родителите, старателите и на општата јавност пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место, истакна министерот Меџити во своето обраќање.  Ве охрабруваме сите да ја користите оваа веб платформа како алатка и да ја препорачате како извор за лесен пристап до проверени информации.

Линк:
https://e-zdravstvo.pinga.health/home?lng=mk

ПРЕЗЕНТИРАНА ПЛАТФОРМАТА Е-ЗДРАВСТВО – Министерство за Здравство

Извор на соопштението

Претходно соопштениеГрадоначалникот Костадинов одржа работна средба со министерката Шукова – Општина Струмица
Следно соопштениеЗлоупотреба на пари во општина Битола за осудени од 27 април и партиски членови, ВМРО-ДПМНЕ не се менува