Прифатена Програмата за еднакви можности предложена од Левица во Карпош

105
Прифатена Програмата за еднакви можности предложена од Левица во Карпош

Програмата за еднакви можности во Општина Карпош за претстојната 2024 година под раководство на претседателката на комисијата и советничката од Левица – Ивана Петковска, координаторката на комисијата, како и со поддршка на други советници од советнички групи е креирана со фокус на жртвите на семејно насилство.

Дури 75 % од сторителите на семејното насилство поминуваат неказниво, а поголемиот број на жртви не ја добиваат потребната помош од институциите. Во таа насока програмата е насочена кон превенција и советување за спречување на семејното насилство и помош за жртвите преку бесплатни психолошки советувања и психотерапии.

Во рамки на програмата е предвидено отворање на локална канцаларија за родителство каде што родителите со помош на стручни соработници психолози и психотерапевти ќе може да учат вештини за успешно родителство во прва етапа, а во втора етапа е предвидено да се даде акцент повторно на семејното насилство во контекст на целиот семеен систем.

Унапредување на здравјето на жените и мажите е исто во фокусот на престојната програма во насока на превенција и навремено детектирање на женски и машки болести првенствено рак на дојка и простата.

Програмата содржи и други активности како соработка со ИТ секторот и спортски активности што дополнително ја збогатува нејзината содржина.

Со 15 гласа ЗА програмата е прифатена и очекуваме да биде реализирана во престојната 2024 година.

20.12.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеЕлектроснабдување
Следно соопштениеОткако ги призна средбите со Палчо, Мицкоски да одговори што договарале