Продолжува кршењето на работничките права во кујната во „Кромберг и Шуберт“ Левица

3
Продолжува кршењето на работничките права во кујната во „Кромберг и Шуберт“ Левица

Пред одреден период, Левица објави за непочитување и кршење на работничките права од страна на фирмата “Индустри Сервис” која ја подготвува храната за вработените во “Кромберг и Шуберт” и важи за блиска до владата и Мицковски.

Според изјавите на вработените кои не контактираа во повеќе наврати, истите тие сведочат дека повторно им се врши притисок да не се потпишуваат во книгата за евиденција во викенди и празници, И’ им било соопштено дека не им следува никаков паричен надоместок бидејќи платата е фиксна (500 евра), без разлика дали своите работни активности ги извршуваат во викенд, празник, трета смена и прекувремени часови, а со тоа оваа фирма врши експлоатација врз работниците во кујната и грубо кршење на законот за заштита и правата на работниците.

Според распоредот на вработените во кујната, некои оделе повеќе од една недела само во трета смена без никаков додатен придонес според закон каде што уште еднаш се докажува фактот дека се врши експлоатација врз вработените.

Според горенаведеното, како фактичка состојба се доказите од камерите во кујната во “Кромберг и Шуберт” и картиците за евиденција при влез во фабриката.

Лажниот демант кој го испратија од “Индустри Сервис” во кој ја негираа ситуацијата е лицемерен кон вработените во целата фабрика!

Левица нема да се извини, ќе испрати повторно претставка до Државниот инспекторат за труд како надлежен орган за надзор и контрола на примената на законите и прописите во областа на трудот и правата на работниците.

Ова е голем срам за владата на Дпмне која свесно ја угнетува работничката класа преку “Индустри Сервис” за лично профитерство на приватните компании.

Loading



Извор на соопштението

Претходно соопштениеМинистерот Минчев учествуваше на министерски панел во рамките на регионалниот состанок посветен на Партнерство за отворена власт
Следно соопштениеНиколова: Со измени на законот за образование, владата сака да ги замолчи и средношколците