ПРОДОЛЖУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „СТИВ НАУМОВ“

112

Продолжува реконструкцијата на улицата Стив Наумов во должина над 2 километри. Денес, извршено е преасфалтирање на раскрсницата кај УЗ Стево Патако, односно првиот дел, за кој од изведувачот беше побарано да изврши корекција на сопствен трошок и асфалтирањето да биде квалитетно завршено. Покрај овој дел, се асфалтираше и во близина на Гостинската куќа „Чола“ и уште еден дел во непосредна близина за да се овозможи ослободување на сообраќајот, а работните активности во следните денови да продолжат непречено. Од понеделник, продолжува реконструкцијата на делот од Гостинската куќа „Чола“ до улицата „Пецо Божиновски“. Инфраструктурниот проект за улицата „Стив Наумов“, вклучува комплетна реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и коловозот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОстварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН
Следно соопштениеЗАБРЗАНА ДИНАМИКА ЗА ИЗГРАДБА НА НОВИОТ ПРОТИВПОЖАРЕН ДОМ