Проф. Д-р. Симов: За силна економија, образованието е клучно – треба да создаде кадри со знаења

77
Проф. Д-р. Симов: За силна економија, образованието е клучно – треба да создаде кадри со знаења

„За да ја засилиме нашата економија, потребен ни е поголем економски раст. За да се приближиме кон развиените земји, потребно е да го удвоиме нашиот бруто-домашен производ за 10 години, а за да го постигнеме тоа, потребен ни е раст од најмалку 7% годишно. Потоа, потребно е одреден временски период да го задржиме високото ниво на раст за да бидеме рамноправни членови во друштвото на најразвиените земји. За да можеме тоа да го постигнеме, клучно е постоењето висококвалитетна работна сила која ја гради образованието. Образованието треба да создаде кадри со знаења, аналитички способности, одговорност, изградени процедури за прифаќање нови знаења и други позитивни карактеристики кои ќе овозможат иновации и просперитет во компаниите. Ако не создава такви кадри образованието кај нас, тоа ќе биде оставено на компаниите. Тие ќе треба да ги дообразуваат во поголема мерка вработените, а компаниите не се специјализирани за образование, тие имаат друга дејност. Колку е послабо формалното образование, толку повеќе работа во едуцирање на своите кадри им се остава на компаниите. Поради тоа, нивните перформанси и продуктивност нема да бидат компетитивни споредено со компании кои доаѓаат од средини со подобро образование. Не дека компаниите не треба да вложуваат во развој и во едукација на своите вработени, но формалното образование треба да ги донесе и средношколците и академските граѓани до далеку повисоко ниво од тоа што е денес“, вели универзитетскиот професор и потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, проф. д-р Орце Симов, во интервју за Магазинот за туризам и менаџмент.

Повеќе на линкот: https://magazinturizam.mk/analiza/za-silna-ekonomija-obrazovanieto-e-klucno-treba-da-sozdade-kadri-so-znaena?fbclid=IwY2xjawFHueBleHRuA2FlbQIxMQABHRI4wTRbOGAgfgUCPIuNwvhzYrmrOpC-2VukkKv-qyAuOTqDr0EobRV17A_aem_b88LgxiQxA7b167lzZ2YLg

Previous articleССКМ: Македонските дестилерии и винарии – откривање на душата на дестинациите

SSKM

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ
Следно соопштениеOпштините да станат партнери на СОС Детско село, за поголема инклузија на децата без родителска грижа