ПРОМОЦИЈА НА ПЕСНИ И ПИСМА ,,ВОДОПАТ МЕЃУ ДВЕ РАЦЕ”

8
ПРОМОЦИЈА НА ПЕСНИ И ПИСМА ,,ВОДОПАТ МЕЃУ ДВЕ РАЦЕ”

Членовите на клубот „Млади библиотекари“ од ООУ „Војдан Чернодрински“, ќе одржат промоција на книга – „Водопад меѓу две раце“, во училишната спортска сала во вторник (26.05.2026) со почеток во 18.30 часот. Станува збор за книга на песни и писма на младите библиотекари, инспирирана од поетската збирка „Дениција“ на Петре М. Андреевски и воедно претставува чествување на деведесетгодишнината од неговото раѓање.

                Средствата кои ќе бидат собрани од продажбата на оваа книга ќе бидат наменети за збогатување на библиотечниот фонд на училишната библиотека со нови лектирни изданија.

Проектот „Водопад меѓу две раце“ е финансиски поддржан од Општина Карпош, како дел од Програмата за култура за оваа година.

Ве покануваме сите заинтересирани вљубеници во пишаниот збор, да бидете дел од оваа промоција и иницијатива на клубот „Млади библиотекари“ од ООУ „Војдан Чернодрински“.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзлегува на виделина блискоста на Коларевиќ со СДС, затоа да одговори дали по наредба на Абази и насока на Филипче, Заев и Ахмети ја стопира постапката за случајот „Мазут“?
Следно соопштениеФилипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија