ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ,,ПРВИОТ ЧЕКОР” НА КУД ,,ЦВЕТАН ДИМОВ”

42
ПРОМОЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ,,ПРВИОТ ЧЕКОР” НА КУД ,,ЦВЕТАН ДИМОВ”

Денеска, во холот на ООУ ,,Јан Амос Коменски” беше промовиран проектот ,,Првиот чекор”, кој е во организација на КУД ,,Цветан Димов” за прво одделенчиња. Целта на проектот е децата од најмала возраст да се запознаат и да ја изучуваат македонската култура и народните песни и ора. Малите играорци покажаа што научија изминатите месеци, преку традиционални танци  кои се неопходно важни во македонскиот фолклор и музичка традиција.

                Имено, овој проект, кој пред се е важен за развојот кај помладата популација, започна во септември оваа година и дел од него се 25 деца од ООУ ,,Јан Амос Коменски”. На промоцијата присуствуваше и првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовски, на кого му беше врачена благодарница за досегашната соработка и придонес во културно-уметничкото  друштво ,,Цветан  Димов”, а на денешниот настан, благодарница за успешна соработка беше доделена и на директорката на училиштето, Татјана Јанкуловска.

                -Би сакал да истакнам дека КУД ,,Цветан Димов”, фолклорно ги описменува нашите деца и секоја година ни приредува по некој музички настап кој е задоволство да го гледаш и слушаш. Ние високо ги почитуваме активностите на културно-уметничкото друштво ,,Цветан Димов” и затоа Бранко, кој е кореографот на ова уметничко друштво е и наш почесен граѓанин. Ние ќе продолжиме да го поддржуваме ова уметничко друштво и во иднина ќе им овозможиме повеќе услови за да продолжат да ја негуваат културата и традицијата на народната музика и оро, како и да продолжат со своите бројни активности. – рече Јакимовски.

Културното-уметничко друштво ,,Цветан Димов” ќе продолжи со проекти низ училиштата во Карпош, како еден поттик за изучување на културата и македонската традиција на песни и ора за секое дете.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвлечени полуфиналните парови во машка и женска конкуренција – Куп на Македонија – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеТрајчулески: Власта мора да ги соопшти сите детали за најавеното задолжување од 6 милијарди евра од Британија