ПРОМОВИРАНА ТУРИСТИЧКАТА ПАТЕКА СТАРА ЧАРШИЈА

111

Во Битола беше промовирана туристичкатата патека Стара Чаршија, во рамки на проектот Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра во Македонија и Албанија, во присуство на франзускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, градоначалникот Тони Коњановски, почесниот француски конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ, учесниците експерти во проектот, како и наставниците и учениците од ОУ Даме Груев, дел од проектот „Чувари и промотори на чаршијата“. Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер го истакна задоволството од реализираниот проект. „Во Битола целта е постигната бидејќи се поставени голем број на паноа на три јазици македонски, англиски и француски. Забележувам дека ги дава потребните резултати и сите работиме на една тема која ни е при срце, а тоа е зачувувањето на културното наследство“, рече Бомгартнер. Таблите се изработени со графика и имаат QR код кој туристите ги поврзува со станица каде можат да се најдат повеќе податоци за објектите и локациите. Градоначалникот Тони Коњановски рече дека со овој проект се истакнуваат од незаборав големиот број значајни културно-историски објекти во чаршијата, а преку информативните табли, туристите, но и локалните жители, ќе можат повеќе да се информираат за Безистенот, реката Драгор, Старата Чаршија, Ликовната колонија Монмартр, Занаети, Чешми, Гостилници, Џамијата Хаџи Махмуд Беј, Зелениот пазар и Амам Дебој. „За нас како општина, особено е значајно стекнатото искуство преку вмрежувањето на експерти и примери од француските градови за начинот на кој таму e третирано и се обележува културното наследство, а со нивна поддршка, сега истото се применува и кај нас. Особено сакам да го потенцирам задоволството од соработката со Француската амбасада и […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеСојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“