Пропадна обидот на СДС да креира хистерија, Филипче ширеше паника за мигранти но реалноста го демантира 

14
Пропадна обидот на СДС да креира хистерија, Филипче ширеше паника за мигранти но реалноста го демантира 

СДС на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на СДС и политичкиот хаос во кој се наоѓаат.

СДС и Филипче со месеци наназад пласираа невистини дека наводно се подготвуваат договори за отворање мигрантски кампови во Република Македонија и дека државата ќе стане место за мигранти во Европа. Со таквите неодговорни изјави СДС свесно се обидуваа да создадат страв и несигурност кај граѓаните.

Денес, скоро 4 месеци подоцна нема ниту договори, ниту преговори, ниту пак планови за отворање мигрантски кампови во Македонија. Ова беше потврдено и од највисоките државни институции, како и од меѓународни претставници. Филипче и неговите лаги беа демантирани и разобличени од претседателот на Владата, претседателот на државата, министерот за надворешни работи и британскиот амбасадор.

СДС и Венко Филипче уште еднаш се фатени во лага. Наместо да се извинат на граѓаните за ширењето паника, тие продолжуваат со истата деструктивна политика, да измислуваат теми, да шират страв и да ја трујат јавната дебата предводени од српските пр агенции на Башановиќ.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија повторно да биде жртва на неодговорните политики и лажни наративи на СДС какви што гледавме во минатото. Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ останува стабилноста, безбедноста и заштитата на националните интереси.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не лаги. Заслужуваат одговорна политика, а не политичари кои за ситни политички поени се подготвени да ја вознемируваат целата јавност.

Затоа СДС и Венко Филипче треба да одговорат пред граѓаните за лагите што со месеци ги пласираа. Македонија нема да биде заложник на СДС, на нивната политика на манипулации и деструкција.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтапката на инфертилитет расте, превенцијата не смее да изостане
Следно соопштениеШукова: Оставка на Тошковски, пропустите на МВР и центрите за социјална работа доведоа до трагедија