ПРОВЕРКА НА ХИДРАНТСКАТА МРЕЖА И ПП АПАРАТИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ ВО КАРПОШ

83
ПРОВЕРКА НА ХИДРАНТСКАТА МРЕЖА И ПП АПАРАТИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА И ГРАДИНКИТЕ ВО КАРПОШ

Овластени лица од сертифицирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, деновиве вршат проверка на исправноста, протокот и притисокот на хидрантската мрежа и противпожарните апарати во основните училишта и детските градинки кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа. Станува збор за акција која е дел од редовните активности на Одделението за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од Општина Карпош. Инаку, овие активности се преземаат во насока на зголемување на нивото на безбедност од пожар, како превентивна мерка за контрола и увид во фактичката состојба со објектите во кои учат и престојуваат помладата генерација карпошани.    

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПетрушевски: Обвинителите управувани од СДС и ДУИ наместо за реформи се борат за плати, додека довербата во правосудството е 2%
Следно соопштениеТренчевска: Намалете од луксузот и зголемете ја минималната плата на 600 евра