Прв состанок на работната група “Правно зајакнување и пристапот до правда” за ко-креација на шестиот АП за ПОВ 2024 – 2026 година

216

На 11 јули 2023 година од 13:00 до 14:30 часот се одржа првата средба на работната група која во наредниот период ќе работи на развивање на заложби/мерки за правно зајакнување и пристапот до правда кои би биле дел од шестиот АП за ПОВ 2024 – 2026 година. Средбата имаше за цел информирање на членовите на групата за временската рамка на процесот на ко-креација, начинот на работа на групата, запознавање со материјалите кои ќе се користат, критериумите по кои ќе се селектираат предлог заложбите, итн. Дополнително, на средбата беше дискутирано за идентификувани проблеми преку работата на присутните кон чие надминување треба да се насочат мерките од шестиот АП. Средбата и процесот на ко-креација се фацилитирани од Стојан Мишев, Здружение ЕСЕ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСоопштение за технички неисправна вода » Општина Прилеп
Следно соопштениеДПМНЕ е партијата што дала 86 концесии за рудници, СДСМ беше и останува против