Прв текбол турнир во Македонија

57
Прв текбол турнир во Македонија

Со огромно задоволство ви го најавуваме првиот македонски турнир во текбол кој што ќе се одржи на 14 Септември (сабота) во С. Ц. Јане Сандански – малата сала со почеток во 12:00 часот. Турнирот ќе се одвива во две категории: men single и men doubles. 

✅ Бесплатно пријавување на екипи во двете категории трае до петок до 22:00 часот. Влезот за публиката е бесплатен.

✅ На натпреварувачите им посакуваме среќа и успех, а публиката ја повикуваме да се забавува со нас. Се гледаме во сабота.

Финалните натпревари ќе ги пренесуваме на јутјуб каналот на МОК на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=6MGIkl06PPI

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Силен отпор и тесен пораз, Еурофарм Пелистер загуби од моќниот ПСЖ
Следно соопштениеВо Струмица ставен во функција јавниот електричен превоз