Денес во Битола, се одржа Првата конференција во рамките на проектот „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“ кој го спроведува ГАУС Институтот – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење од Битола, во партнерство со Фондацијата „100 проценти од обновливи извори” од Берлин, Германија. Главната цел на проектот е да изработи физибилити студија за пренамена на изворот на енергија за системот за централно греење во Битолскиот регион (кој што е во фаза на изградба) во обновливи извори. Студијата ќе послужи како основа за идни инвестициски активности во системот за централно греење во Битолскиот регион и зголемување на свесноста за користењето на обновливи извори за енергија. На денешната конференција свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна: „Како локална самоуправа и ние сме свесни за значењето на обновливите извори на енергија. Во процес сме на поставување на фотоволтаици на три средни училишта и шест основни училишта и се надевам дека до крајот на оваа календарска година, сите ќе бидат ставени во функција. Веќе функционираат поставените фотоволтаици на подрачното основно училиште Даме Груев во селото Долно Оризари, бидејќи за нас е важно руралните средини да имаат исти услови за раст и развој на децата, со цел да се намали миграцијата град-село. Од своја страна, општината изминатите години работи на многу проекти со кои се подобрува енергетската ефикасност и се движи во нагорна линија на подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на животната средина. Нашата стратегија е што повеќе да ја направиме општината, односно јавните […]
Извор на соопштението