РАБОТИЛНИЦА СО СЗО И УНИЦЕФ ЗА МАПИРАЊЕ НА ЦЕЛИТЕ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ

87

Заменик министерката, д-р Маја Манолева учествуваше на работилница, посветена на проценка и мапирање на целите за ментално здравје и психосоцијална благосостојба на деца и адолесценти, што се реализира во соработка со СЗО и УНИЦЕФ.

-Меѓу главните приоритети на Министерството е градењето капацитети за ментално здравје на децата и адолесцентите во здравствениот сектор, со цел унапредување на грижата за пациентите, за што е неопходно и продлабочување на соработката со Министерството за образование и МТСП, во насока на сеопфатно адресирање на проблемите и прашањата поврзани со менталното здравје и психосоцијална благосостојба кај децата и адолесцентите, посочи д-р Манолева во своето обраќање на работилницата.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗДРАВСТВЕНИТЕ ИТНИ СЛУЧАИ СТАНУВААТ УШТЕ ПОКОМПЛЕКСНИ ВО УСЛОВИ НА КОНФЛИКТ, ИСТАКНА МИНИСТЕРОТ МЕЏИТИ НА 76 АСАМБЛЕЈА НА СЗО
Следно соопштениеРамо до рамо со граѓаните на Центар, Ресен и Демир Хисар: СДСМ се грижи за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги задолжува општините и Град Скопје