Работилница за финансиското работење на Црвениот крст на РСМ

90
Работилница за финансиското работење на Црвениот крст на РСМ

Во периодот 12-14 мај 2023 година во Центарот за кадри и рекреации “Солферино” во Струга се одржа работилница за финансиското работење во Црвен крст на РСМ. Работилницата имаше за цел да се анализираат постојните практики во организацијата, дискутираат за предизвици и дискутираат за идентификување на полиња за подобрување во пристапот кон финансиското работење.

На работилница учествуваа членови на Раководен одбор на Црвен крст на РСМ, членови на Финансиската комисија на Црвениот крст на РСМ и претставници на стручната служба од централната канцеларија кои имаа можност да ги дискутираат аспектите на планирање, имплементација и известување во рамките на финансиското работење во организацијата, а со помош и на надворешни експерт, проф. Дејан Андонов од Факултет за комуникологија, и да дискутираат за значењето на транспарентното и отчетно работење на организацијата со посебен акцент на финансиското работење.

Препораките и заклучоците од работилницата ќе бидат разгледани на седница на Раководниот одбор на Црвен крст на РСМ каде што ќе се донесат и конкретни заклучоци за понатамошни чекори за подобрување.

Работилница за финансиското работење на Црвениот крст на РСМ

The post Работилница за финансиското работење на Црвениот крст на РСМ appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштение„Рамо до рамо до победа“ во Неготино: Имаме резултати што прават разлика, повисоки плати за работниците и рекордни странски инвестиции
Следно соопштениеД-Р МАНОЛЕВА НА НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МЛАДИТЕ И ФАРМАЦЕВТИТЕ–ЗАЕДНО ЗА ДОСТАПНА КОНТАЦЕПЦИЈА“