Работилница за зајакнување на локалните капацитети за ефективна подготвеност одговор и здравствена грижа при итни состојби за Југоисточна Европа

107
Работилница за зајакнување на локалните капацитети за ефективна подготвеност одговор и здравствена грижа при итни состојби за Југоисточна Европа

Во периодот  од 16 до 17 март 2023 година во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа работилница за зајакнување на локалните капацитети за ефективна подготвеност,  одговор и здравствена грижа при итни состојби за Југоисточна Европа. Работилницата се реализираше во рамките на проектот ‘‘Здравствена грижа во итни состојби,, финансиран од УСАИД и подржан од Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.

На работилницата учествуваа претставници од Црвениот крст на РСМ, Црвен крст Србија, Црвен крст Црна Гора, Црвен крст Албанија и Црвен крст Босна и Херцеговина.

Главна цел на работилницата беше да се зајакнат капацитети на националните друштва во следниве области: подготвеност за здравствена грижа во итни состојби, ментално здравје и ПСП во итни состојби, комуникација на ризик и вклученост на заедниците во итни состојби, планирање, мониторинг, евалуација и известување.

The post Работилница за зајакнување на локалните капацитети за ефективна подготвеност одговор и здравствена грижа при итни состојби за Југоисточна Европа appeared first on Црвен Крст на Република Северна Македонија.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСобрани 61.370.000 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
Следно соопштениеОсвен Апасиев да го следи Мицкоски друг план нема, затоа го чекаат нови порази