РАБОТИЛНИЦАТА НА ТЕМА „ВОВЕД ВО ВОСПОСТАВУВАЊЕТО И ОПЕРАЦИОНАЛИЗИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ СОВЕТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА“

75
РАБОТИЛНИЦАТА НА ТЕМА „ВОВЕД ВО ВОСПОСТАВУВАЊЕТО И ОПЕРАЦИОНАЛИЗИРАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ СОВЕТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА“

Општина Карпош учествуваше на работилницата на тема „Вовед во воспоставувањето и операционализирање на локалните совети за превенција“, организирана од ОБСЕ.

На работилницата, покрај претставници од повеќе општини, присуствуваа и претставници од СВР Скопје, при што беа споделени искуства и добри практики во однос на функционирањето на локалните совети за превенција. Настанот претставуваше значајна можност за размена на знаења и унапредување на капацитетите на локалните самоуправи во областа на превенцијата и безбедноста.

 

Во рамки на работилницата, Општина Карпош ја сподели својата искуствена практика и пристап во воспоставувањето и функционирањето на Локалниот совет за превенција кој придонесува кон унапредување на безбедноста во заедницата.

Со учеството на вакви настани, Општина Карпош дополнително ги зајакнува своите капацитети и ја продлабочува соработката со релевантни институции и организации, со цел поефикасно справување со ризиците и унапредување на превентивните политики.

Општина Карпош останува посветена на развојот и унапредувањето на механизмите за превенција, со цел создавање побезбедна и посигурна средина за сите граѓани.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСиљановска во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?
Следно соопштениеПетровска: Груевски нема да влезе во затвор – ВМРО работи на поништување на сите обвиненија