Во рамките на Зимските олимписки игри, претседателот на Македонскиот Олимписки комитет, Даниел Димевски, оствари значајна работна средба со г-дин Јаковос Филипусис, генерален секретар на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (ICMG). Средбата беше искористена за зацврстување на меѓународните релации и споделување на клучни визии за иднината на спортот.
На средбата детално се разговараше за претстојните предизвици и планираните нови активности кои ги очекуваат двете организации. Димевски и Филипусис ја потврдија својата подготвеност за значително продлабочување на соработката, со цел отворање на нови можности и развојни проекти во меѓународното олимписко движење.
Посебен акцент беше ставен и на подготовките за претстојните 20-ти Медитерански игри во Таранто 2026. Разговорите поминаа во исклучително конструктивна атмосфера, при што беше истакната заедничката заложба за обезбедување на најдобри услови за настап на македонската делегација на овој престижен спортски настан.
#TeamMacedonia #OlympicCommittee #WinterOlympics #ICMG #Taranto2026 #SportDiplomacy #OlympicSpirit
