РАБОТНО И ВО НЕДЕЛА – Karpos.gov.mk

3
РАБОТНО И ВО НЕДЕЛА – Karpos.gov.mk

Општина Карпош е горда и бескрајно благодарна на своите службеници и работници, кои деновиве, од рано наутро до доцна навечер, неуморно и пожртвувано се на терен.Во услови на сериозен ризик и тешки предизвици, тие се борат со последиците од невремето, расчистуваат и го враќаат јавниот простор во безбедна состојба.

И денес, во недела, кога повеќето од нас се одмораат и се со своите семејства, тие се таму каде што се најпотребни – на терен, во служба на граѓаните 

 Голема благодарност и до градежните компании кои несебично се вклучија со својата механизација и помогнаа токму тогаш кога беше најпотребно.

Благодарност и до граѓаните на Карпош кои одговорија на апелот и со својот придонес помогнаа во расчистувањето.

 Ова е Карпош.

Кога е најтешко – сме заедно.

Си помагаме. Се бориме. И не се откажуваме!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив
Следно соопштениеОпштина Карпош се сеќава на Скопскиот земјотрес