📣 РАКОМЕТЕН СПЕКТАКЛ И ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОДДРШКА! 🏆🤾‍♂

49
📣 РАКОМЕТЕН СПЕКТАКЛ И ПРИЗНАНИЕ ЗА ПОДДРШКА! 🏆🤾‍♂

Директорот на Спортско радио 90,3 фм, Тони Митев, му врачи признание за поддршка на претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, за неговиот придонес кон реализацијата на ракометниот спектакл „Легендите на сцена 2025“.

Настанот, организиран по повод 20 години од постоењето на Спортско радио, ги обедини најголемите ракометни легенди на Македонија во спортскиот храм СЦ „Јане Сандански“, создавајќи атмосфера исполнета со емоции, спортски дух и пријателство. 

Овој настан уште еднаш потврди дека спортот ги поврзува генерациите и дека вистинските легенди никогаш не заминуваат од сцената!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЛевица не поддржа, и не гласаше за градба на улици, паркови, булевари, работат на штета на скопјани
Следно соопштениеЈавен Повик за добивање на финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост, со наод и мислење,во училиштата во Општина Струмица во наставната 2025/2026 година