Ракометна Федерација на Македонија е со нашите ракометари пред новиот европски предизвик – EURO 2026

92
Ракометна Федерација на Македонија е со нашите ракометари пред новиот европски предизвик – EURO 2026

Ракометна Федерација на Македонија е со нашите ракометари пред новиот европски предизвик – со тим кој не го поврзува само дресот, туку и заедничката љубов кон ракометот и Македонија.

Играњето за репрезентацијата е чест, но и огромна одговорност. Убедени сме дека нашите ракометари ќе настапат со мирна глава, силна мотивација и максимална посветеност на Европското првенство што од 15 јануари до 2 февруари ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Континуитетот на настапи на големите натпреварувања е доказ за сериозна работа, истрајност и македонско срце.

Во соработка со Министерството за спорт, ќе биде обезбедена премија од 2 милиони денари за секоја победа, како и дополнителни 2 милиони денари за пласман во втората фаза на ЕП 2026.

Играјте храбро и со срце – Македонија е со вас.

ИГРАЈТЕ СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДимитровски: Како Совет имаме обврска да се бориме за почист воздух на скопјани
Следно соопштениеЗа криминалната ВМРО членството во НАТО е “срам за граѓаните“